Volkswagen направи електричен автомобил побрз од болид на F1
Volkswagen го претстави во францускиот град Алеш својот прв електричен автомобил- I.D. R Pikes Peak, кој ќе дебитира во најпознатата планинска трка во светот– Паикс Пик во Колорадо
Премиерата се одржа во родниот град на Ромен Дима, трикратниот победник во Паикс Пик, кој ќе пилотира со електричниот прототип во јуни.
Натпреварувањето е на 24 јуни, целта на Дима е победа во категорија на електрични верзии и подобрување на рекордот, кој сега му припаѓа на Новозеланѓанецот Рис Милен – 8 минути, 57 секунди,118 стотинки. Познатата патека во Колорадо е долга 20 километри, има 156 свиоци и е асфалтирана пред неколку години. VW I.D. R Pikes Peak доби два електромотори со вкупна моќност од 680 коњски сили, со погон на сите четири тркала, а максималниот вртежен момент на прототипот е 650 Nm.
https://www.youtube.com/watch?v=9B5oyhoJt3k
VW ветува забрзување од 0 до 100 km/h за 2,25 секунди, што ќе го направи побрз од болидите во Formula 1, Formula Е и природно, најмоќната верзија на Tesla Model S P100D, која e peпер во САД. Со овој проект VW се враќа во мотоспортот, откако ја затворија својата програма во светскиот рели шампионат на крајот на 2016, а потоа последователно спортските натпреварувања ги напуштија и фабричките тимови на Audi и Porsche, кои беа дел од светскиот шампионат за издржливост и трката 24 часа Ле Ман.
Шефот на VW Motorsport, Свен Смеетс, објасни дека технологијата што се користи при електричниот прототип допрва ќе се развива, а компанијата планира да работи со неа и на идниот електричен реликрос автомобил кој треба да стартува во светскиот реликрос шампионат.