Infiniti со нова платформа за електрифицирани автомобили
Марката Infiniti, која е дел од автомобилскиот гигант Nissan Motor, објави дека во моментов компанијата развива целосно нова платформа за електрифицирани автомобили инспирирана од концептот Q Inspiration
Од фирмата објавуваат исто така дека новата платформа ќе биде користена за производство на еден од вкупно петте модели кои Infiniti ќе ги составува на територијата на Кина.
– Infiniti развива нова платформа за електрифицирани возила, која е инспирирана од концептот Q Inspiration, кој воедно го демонстрира и новиот дизајнерски јазик идните остварувања на компанијата, коментира Роланд Кругер, претседател и глобален директор на Infiniti.
Во јануари оваа година, Infiniti Q Inspiration Concept беше прогласено за „Најдобар концепт“ и „Автономен автомобил со најубав внатрешен дизајн” од EyesOn Design на Меѓународниот салон во Детроит, во Северна Америка.