fbpx

Пекинг 2018: Премиерата на електричниот седан Nissan Sylphy ZE

На меѓународна изложба во Пекинг, Nissan го претставува своето целосно новo електрично возило, моделот Sylphy ZE (Zero Emission), кое е развиено и произведено во Кина и е наменето за локалниот пазар

Oд Nissan потенцираат дека Sylphy ZE ќе понуди висока технологија, пространа внатрешност и одличен комфор, а електричниот погонски систем ветува автономија од 338 километри со едно полнење на батеријата. Батериските пакувања се интегрирани под седиштата, што е гаранција за дополнителен простор во патничкиот дел, особено за нозете на патниците на задната клупа.

Sylphy ZE

– Новиот Sylphy ZE е следниот чекор во нашата стратегија за електрификација на Кина. Ова првиот масовен електричен автомобил наменет исклучиво за кинескиот пазар и еден од 20-те електрифицирани модели што планираме да ги лансираме во текот на следните пет години, истакнаа на претставувањето на моделот од Nissan.

Sylphy ZE

Nissan Sylphy ZE е развиен врз основа на технолошките и конструктивни решенија на LEAF, со продадени повеќе од 320.000 единици на глобално ниво. Продажбата на новината во Кина ќе започне подоцна оваа година.

Поврзани вести

Back to top button