fbpx

Франкфурт 2017: Cayenne Turbo со 550 коњски сили

Паралелно со премиерата на новата генерација на Cayenne на салонот во Франкфурт, Porsche ја претставува и топ-верзијата на моделот: Cayenne Turbo

Паралелно со премиерата на новата генерација на Cayenne на салонот во Франкфурт, Porsche ја претставува и топ-верзијата на моделот: Cayenne Turbo.

Опремен со 4.0 V8 biturbo мотор со 550 коњски сили, активна аеродинамика, адаптивен заден спојлер и воздушна суспензија, Porsche Cayenne Turbo ветува дека ќе им понуди на идните сопственици параметри на вистинско супер спортско возило. Забрзувањето од 0 до 100 km/h може да биде извршено само за 4,1 секунди (3,9 при нарачка на пакет Sport Chrono), а максималната брзина на движење на луксузниот теренец е 286 km/h.
Cayenne
Од Porsche коментираат дека новата генерација на Cayenne Turbo е првиот во светот SUV модел, кој располага со адаптивен заден спојлер на покривот, како дел од пакетот за активна аеродинамика. Во зависност од брзината на движење, неговата позиција е таква што да се гарантира оптимална сила на потисок, а елементот исто така придонесува и за подобрувањето на сопирачките карактеристики. Според проценките на брендот, растојанието потребно за запирање при 250 km/h е намалено за 2 метри.
Cayenne
Во дилерските центри на Porsche веќе се прифаќаат барања за купување на Cayenne Turbo, а цената за Германија е определена на 138.850 евра. Првите испораки на автомобилот се очекува да бидат завршени до крајот на годината.

Поврзани вести

Back to top button