fbpx

Данска ќе ги врати субвенциите за електрични автомобили

Данска може да ги врати и дури да ги зголеми субвенциите и попустите за електрични автомобили, потенцира Ларс Локке Расмусен, премиер на земјата

Ова се должи на драматичниот пад на продажбата на зелени возила во последниве месеци.

– Мораме да воведеме повторно даночни олеснувања за електричните возила и траба разговараме дали тие не треба да бидат и поголеми. Јас не би ја исклучил оваа можност, изјави Расмусен во Копенхаген. Тој нагласи дека новите мерки за промовирање на продажба на електрични возила, како и плановите на владата за зголемување на олеснувањата за автомобилите со ниска емисија на штетни гасови, ќе бидат презентирани на есен.

субвенциите

Инаку, продажбата на електрични возила во Данска падна од речиси 5.000 во 2015, на само околу 700 во 2017 година, откако владата на Расмусен ги откажа субвенциите слични на оние во Норвешка и Германија. Со оглед на намалената побарувачка за дизел моделите, Данска навистина има проблем со пласман на нови возила, па детално се дискутира за тоа каков вид автомобили треба да бидат поддржани со владината политика.

Во исто време, опозицијата во Данска, објави дека ако победи на изборите во јуни 2019 година, ќе ја забрани продажбата на дизел автомобили во земјата до 2030 година.

Поврзани вести

Back to top button