fbpx

Новото Porsche Cayenne веќе и како plug-in хибрид

На крајот на овој месец, Porsche ќе лансира на пазарот plug-in хибридна верзија на актуелната генерација на Cayenne, чија базна цена за територијата на Германија е одредена на 89.822 евра

Новото Porsche Cayenne E-Hybrid е опремено со 3.0-литарски V6 мотор со максимална моќност од 340 „коњи“, кој е комбиниран со електромотор со дополнителни 136 КС. Вкупната максимална моќност на луксузното SUV е одредена на 462 KС, а максималниот вртежен момент на системот е 700 Nm. Хибридната верзија на Porsche Cayenne е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за 5 секунди и да развие максимална брзина на движење од 253 km/h, а во зависност од полначот и мрежата, полнењето на батеријата му трае 7,8 или 2,3 часа.

Во чист електричен режим, Porsche Cayenne E-Hybrid може да помине до 44 километри, а максималната брзина на движење без испуштање на штетни гасови може да е до 135 km/h.

Со пазарното лансирање на Cayenne E-Hybrid, од Porsche воведуваат во модификационото портфолио и неколку нови предлози во однос на опремата. За прв пат во автомобил на марката се вградува проекционен head-up дисплеј, а меѓу другите новини се масажер во седишта, интелигентен дигитален асист-состав Porsche InnoDrive, 22-инчни алуминиумски фелни, ветробранско стакло со греење…

Поврзани вести

Back to top button