fbpx

Германија ја надмина Норвешка по продажба на електромобили

Германија е пред Норвешка, како најголем европски пазар за електрични автомобили, објави Bloomberg

Неверојатен скок на пласман на електромобили од 41% од почетокот на годинава.

Во последните години Федералната република заостануваше значително во областа на електрификацијата, но со одлуката пред една година за новите субвенции и олеснувања за купување на автомобили со нулта емисија, буквално го раздвижија пазарот. Уште еден фактор е значаен за промените, забраните за сообраќање на дизел мотори во неколку големи градови од државата во најскоро време.

Во 2017 продажбата на електрични возила во Германија се зголеми за 70%, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители (АСЕА). Во оваа бројка влегуваат како чисто електрични автомобили, така и plug-in хибриди. Од почетокот на годината во германија евидентиран е пораст од 41% на електромобилите.

Во последните години Федералната република заостануваше значително во областа на електрификацијата, но со одлуката пред една година за новите субвенции и олеснувања

Германскиот пазар за електрична енергија, најверојатно, ќе се интензивира уште повеќе во следните две години, бидејки сите водечки локални производители подготвуваат цели нови гами возила на батерии. Во земји како Норвешка и Холандија главен играч на овој пазар е Tesla, но во Германија компанијата на Илоа Маск е едвај на 31-то по продажбата.

„Златната ера за Tesla наближува кон својот крај, наскоро таа ќе се претвори од компанија со уникатни производи, во една многу други слични“, коментира за Bloomberg, Јирген Пијпер, аналитичар во Bankhaus Metzler. „Со зголемувањето на интересот за електрични и толеранцијата кон слабиот квалитет ќе се намалува. Во минатото првите клиенти на Tesla го занемарија овој фактор, привлечени од иновативниот шарм“.

Водечки во Германија според продажбата е Renault Zoe, пред VW e-Golf и Smart FourTwo.

Поврзани вести

Back to top button