fbpx

Volvo со раст од 13,6% од почетокот на годината

Со раст во продажбата во април од 12,2%, или реализирани 52.635 автомобили, Volvo Cars забележа подобрување во бизнисот од 13.6% на годишно ниво, со вкупно 200.042 пласирани единици во првите четири месеци од годината

Од Volvo коментираат дека главните „виновници“ за успехот на брендот во април се целосно новото XC40 и семејството Серија 90. Најпродаван автомобил на марката на глобално ниво продолжува да биде XC60 со 14.840 единици, по што се подредуваат XC90 со 7.241 и V40 / V40 Cross Country со 6.519. XC40 придонесува со 5.554 единици во април и со 11.790 од почетокот на годината.

Volvo

Volvo евидентира стабилни перформанси на сите главни пазари на кои е присутен, во Европа реализацијата на брендот е подобрена за 5%, или 105.872 единици за првите четири месеци од годината. Завидно е и пазарното претставување на Volvo во Кина, а растот од почетокот на годината е 22.4% до 39.210 и САД + 38%, до 28.416 единици.

Volvo

Поврзани вести

Back to top button