fbpx

Volkswagen покажа паметни ноќни светла

Volkswagen откри детали за ноќниот систем кој ќе биде опремен со модели на брендот

Технологијата дебитираше во новата генерација на SUV изведбата Touareg. Системот се вика Night Vision и се состои од грејач поставен во предниот дел на автомобилот. Користејки инфрацрвени зраци, овој состав препознава живи суштества – пешаци, велосипедисти и големи животни на растојание од најмалку 10 метри.

Покрај тоа, системот може да ја предвиди траекторијата на движењето на луѓето. Во случај некој објект да е во визирот на возилото, на инструменталната табла пред возачот се прикажува предупредување. Ако е жолта, тогаш објектот е сеуште далеку, но ако е во црвено – постои реална опасност од судир.

Самиот систем ги менува своите режими за работа со постојано поврзување со механизмите за сопирање и ги активира ако е потребно.

Како опција за системот за ноќно гледање, може да се нарачаат матрични LED фарови. Со помош на нив и при брзини над 60 km/h, технологијата ги детектира и осветлува пешаците во потенцијално опасните зони.

Night Vision

Поврзани вести

Back to top button