fbpx

Сериската верзија на Audi E-Tron доаѓа на 30 август

Audi покажа дека е речиси подготвен за производство на електричниот SUV модел E-Tron, за време на саемот во Женева, кој сепак блесна како прототип, а сега веќе е познато кога ќе биде дебито на финалната верзија

Германците ќе го покажат автомобилот на 30 август оваа година, за време на Audi Summit во Брисел. Во фабриката на компанијата во близина на главниот град на Белгија, ќе биде и склопувано електричното возило. За разлика од концептот E-Tron Quattro, кои имаше три електромотори, серискиот производ Audi E-Tron ќе користи два: еден на предната оска и еден на задната.

Моќта ќе биде малку под 500 КС, колку што имаше студијата. Напојувањето со електрична енергија ќе доаѓа од 95 kW/h батерија која ќе биде ниска, вградена во подот на автомобилот помеѓу двете оски. Неговата тежина ќе изнесува 700 килограми и ќе обезбеди автономија од околу 400 километри. Многу комплексен е системот кој ќе ги лади батериите. Тој користи течност која може да се загрее или лади, со цел да се одржи константна температура помеѓу 25 и 35 степени Целзиусови.

Audi E-Tron

До 2025 година Audi ќе лансира на пазарот над 20 електрифицирани модели, а за тоа треба да помогне користењето на модуларната платформа на VW Group – MEB и компонентите за хибриди и електрични возила, развиени во соработка со Porsche. Ако се постигне планираниот број од 800.000 еко-автомобили, тоа ќе биде една третина од производството на Audi во 2025 година.

Така Audi ќе ја надмине целта која ја имаат BMW и Mercedes – меѓу 15 и 25% од автомобилите кои ќе се продаваат по 7 години, да се електрифицирани.

Поврзани вести

Back to top button