Автомобилите со задолжителни камери со поглед наназад
Од 1 мај, стапи на сила во САД нова законска регулатива, според која Министерството за транспорт ги обврзува сите нови автомобили во земјата да бидат опремени со камери за поглед наназад
Според документот, сликата од камерата може да се прикаже и на мултимедијалниот систем, на ретровизорот, или на посебен екран. Со овој чекор, американските власти имаат за цел да го спасат животот и здравјето на пешаците. Камери со поглед наназад се задолжителни за сите возила, дури и со минимални димензии, па се до оние од 4,5 тони.