fbpx

И трет бренд ќе добие мотори на Volvo

Британскиот Lotus постепено ќе ги заменува сегашните мотори на Toyota со шведски агрегати

Односно, Lotus, кој неодамна беше преземен од кинескиот Geely, ќе преземе мотори на Volvo. Ова ќе стане трет бренд кој ќе користи агрегати на шведската компанија во рамките на конгломератот. Во моментов, технологијата на Volvo се користи од брендот Polestar, кој беше дел од шведската компанија, но сега е одделен производител за хибриди и електрични возила.

Lynk & Co, компанија која и припаѓа на Geely, исто така, се потпира на агрегатската технологија од Volvo. Како што напоменавме, во Lotus нема да се случи веднаш преземање на агреагти од шведскиот производител, туку постепено во следните неколку години. Дотогаш, производителот на спортски автомобили ќе продолжи да ги користи моторите на Toyota, кои сега се надградуваат и се помоќни.

Инженерите на Lotus ќе работат на тоа да ги адаптираат агрегатите на Volvo за своите потреби, чекор по чекор.

Опсегот на швеѓаните во моментов се состои само од 1.5 и 2.0 литарски мотори. Покрај тоа, англискиот бренд најави дека сака да ги користи шведските хибрид системи и електрични поставки, за својот прв кросовер, кој треба да се појави за околу 2-3 години.

Поврзани вести

Back to top button