fbpx

Volvo Trucks го претстави својот втор електричен камион

Volvo FE Electric е вториот електричен камион што Volvo Trucks го презентира во рок од еден месец

Тој е дизајниран повторно за градска дистрибуција, но со потешки операции со бруто тежина до 27 тони. Продажбата во Европа ќе започне во 2019 година.

Volvo Trucks– Со премиерата на Volvo FE Electric само три недели по онаа на Volvo FL Electric подготвени сме да понудиме сеопфатна палета од модели кои се напојуваат со електрична енергија, камиони за урбани операции. Тоа ја отвора вратата за соработка во градовите кои си поставуваат за цел да го подобрат квалитетот на воздухот, да ја намалат бучавата од сообраќајот и да го доведат до минимум загадувањето во сообраќајниот метеж, потенцира Клас Нилсон, претседател на Volvo Trucks.

Првиот Volvo FE Electric – камион со надградба за собирање смет, ќе почне да работи во почетокот на 2019 година во вториот по големина град во Германија – Хамбург. Тој е изработен заедно со најголемиот производител на надградби во Европа – Faun.

Volvo Trucks

– Моментно секој од нашите 300 конвенционални камиони за собирање смет одвојува околу 31.300 килограми јаглерод диоксид секоја година. Камионот за собирање смет, придвижуван целосно со електрична енергија, со батерија која издржува една целосна смена од осум до десет часа, е исклучително важно технолошки достигнувања.

Друг плус е фактот дека нашата компанија генерира електрична енергија, која не влијае врз климата и може да се користи за полнење на батериите, објаснува проф. Д-р Ридигер Сихау, извршен директор на компанијата за собирање смет во Хамбург.

Volvo Trucks

– Хамбург, кој во 2011 година беше прогласен од ЕУ за зелена престолнина на Европа, работи долго и успешно на широк фронт за зајакнување на еколошки и одржлив урбан развој. Ова важи и за транспортниот сектор, каде веќе се користат електрифицирани автобуси од Volvo. Искуството и амбициите поврзани со оваа развој го претвораат Хамбург во исклучително интересен партнер за нас, вели Јонас Одермалм, потпретседател и одговорен за производните линии Volvo FL и Volvo FE во Volvo Trucks.

Volvo Trucks

Новиот Volvo FE Electric ќе се нуди во неколку варијанти за различни транспортни апликации. Со кабината со низок влез на Volvo влегувањето и излегувањето од камионот се олеснува и се обезбедува одлична видливост кон околниот сообраќај. Работната средина е исто така подобрена како резултат на ниското ниво на бучава и недостатокот на вибрации. Капацитетот на батеријата може да биде оптимизирана за да одговара на специфичните потреби, а полнењето се изведува од електричната мрежа или од станици за брзо полнење.

 

Поврзани вести

Back to top button