fbpx

Opel се збогуваше со OnStar и го најави Opel Connect

Opel најави, следејки го стратегискиот развој РАСЕ!, продолжување на интегрирање на технолошки решенија од PSA, воведување во сериско производство на нов систем на поврзување до крајот на 2020 година

На тој начин го прекинува имплементирањето на развиената од GM технологија – OnStar. Новиот систем ќе се вика Opel Connect и еден од првите модели на марката, кој ќе го добие како опрема, ќе биде целосно новата генерација на Corsa, која ќе се нуди и во целосно електрична верзија. Новата технологија за поврзување ќе биде интегрирана како во лесните, така и во комерцијални возила на компанијата, а процесот ќе започне следната година.

Opel Connect

Покрај веќе добро познатата функционалност за автоматско бирање на брза помош во случај на сообраќајна несреќа, Opel Connect ќе им понуди на корисниците навигациска услуга, далечинска дијагностика, асист-состав при кражба на возилото, далечински пристап до главните потсистеми, управување во автомобилски паркови, како и синхронизација на мобилни телефони преку Apple CarPlay и Android Auto.

До 2024 година Opel Connect ќе биде достапен како услуга во сите производи на Opel.

Opel Connect

Поврзани вести

Back to top button