Велика Британија ги забранува дури и електричните возила?!
Властите во Британија определија рокови кога ќе бидат наметнати драконски мерки кон т.н. не еколошки автомобили
Тоа ќе се случи во 2040 година, кога на Островот ќе биде забранета продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување, како и на хибриди и дури на електрични возила, кои не можат да поминат 80 километри со едно полнење. Проектот е наречен Road to Zero и има за цел да ги реши проблемите со загадувањето на воздухот во Велика Британија.
Мора да се истакне дека во моментот голем дел од хибридите кои се нудат во Британија не можат да поминат во електричен режим дури 50 километри.
Ако овие мерки навистина се применат, тогаш експертите проценуваат дека во сегашната флота на Островот, 99% од автомобилите ќе се покажат дека треба да се остранат од патиштата. Освен тоа, во моментот Владата не вложува никакви сериозни мерки за инфраструктурата поврзана со користење на електричните возила.