fbpx

Alfa Romeo најави Giulia Coupe и нов SUV во јуни?

Alfa Romeo се подготвува да ја прошири својата гама ова лето

Неофицијално, како најавуваат некои медиуми, Италијанците ќе лансираат купе верзија на Giulia, како и сосема нов SUV модел во јуни. Што се однесува до спортскиот автомобил, тој најверојатно ќе ги врати во оптек индексите GTV и Sprint и ќе се спротивстави на модели како BMW 4, Mercedes C класа Coupe и Audi A5. Обликот на каросеријата ќе биде познат, спортска изведба со три врати.

Што се однесува погонскиот агрегат се зборува дека 2.9-литарскиот битурбо мотор на верзијата QV ќе биде засилен со систем ERS, сличен на оној во Формула 1, која ќе придонесе за моќност до неверојатни 641 КС. Ако овие карактеристики се потврдат, тогаш моделот може да се претвори во еден од најбрзите предлози на пазарот. Предвидено е и друга изведба, со хибриден систем. Станува збор за погон, кој вклучува 2.0-литарски турбо бензински мотор и електромотор со вкупна моќност од околу 350 КС.
Giulia

Покрај нив, корисниците ќе можат да избираат и меѓу другите достапни мотори на Giulia, вклучувајки го и економичниот нов дизел.

Од друга страна, SUV палетата на Италијанците ќе се здобие со нов член – неговото име сеуште не е познато, но се знае дека тој ќе биде над Stelvio во портфолиото. И тука се зборува за хибриден систем и моќност од околу 400 КС во максималната верзија. Платформата ќе се базира на Stelvio, но каросеријата ќе биде доста поголема, а ќе нуди место и за седум патници.

Giulia

Поврзани вести

Back to top button