Нов Roadster се појави во семејството на Mercedes-AMG GT
Mercedes-Benz го прошири опсегот на спортски автомобили од гамата AMG GT со додавање на S-верзија на родстер изведбата
Ова е третата отворена модификација, која ќе го пополни просторот помеѓу основниот GT Roadster со 476 КС и линијата GT C Roadster, кој развива 557 КС. Слично на истоименото купе GT S и родстерот е опремен со верзија на 4.0-литарски битурбо V8 мотор кој развива моќност од 522 КС и 370 Nm вртежен момент. Тој и овозможува на отворената машина да забрза од 0 до 100 km/h за 3,8 секунди и да развие максимална брзина од 308 km/h.
Според опремата новиот автомобил од семејството се доближува до топ-варијантата GT C, бидејки располага со адаптивна суспензија AMG Ride Control, електронски-контролиран заден диференцијал, активен издувен систем, 20-инчни задни тркала, поголеми сопирачки механизми и тркачки режим на погонските единици. За разлика од врвната верзија S Roadster нема шасија со под агол свртени тркала.
Со лансирањето на оваа модификација семејство Mercedes-AMG GT веќе вклучува 12 возила – 3 родстери, 4 Купе (вклучувајки го и екстремниот GT R), тркачките AMG GT3 и AMG GT4, како и три верзии на модерната AMG GT 4-Door Coupe.