Дури 11 системи за безбедност задолжителни во Европа од 2021!
Европската унија официјално го извести автопроизводителите дека по три години сите нови автомобили задолжително треба да имаат 11 функции за активна и пасивна безбедност
Според Еврокомисијата оваа мерка ќе помогне да се зачуваат барем 7.300 човечки животи и да се спречат 38.900 сериозни несреќи во периодот од 2021 до 2030 година.
Листата на 11-те задолжителни системи за сите нови автомобили во Европа е следнава:
1. Система за автоматско итно сопирање (Advanced emergency braking)
2. Алкохолен блокатор (Alcohol interlock installation facilitation)
3. Система за откривање на замор кај возачот
4. Регистратор на податоците од несреќа – „црна кутија“ (Event (accident) data recorder)
5. Систем за автоматско вклучување на сигнализација при нагло сопирање
6. Интелектуален систем за подршка на брзината (Intelligent speed assistance)
7. Система за контрола на лентата на движење (Lane keeping assist)
8. Камера за гледање наназад (Reversing camera or detection system)
9. Зона на безбедност во сообраќајот за повреди на пешаци / велосипедисти – при удар во ветробранското стакло (Head impact zone enlargement for pedestrians and cyclists – safety glass in case of crash)
10. Поефективни појаси при челен удар (Full-width frontal occupant protection crash test – improved seatbelts)
11. Заштита на возачот и патниците при страничен удар (Pole side impact occupant protection)
По мислење на Еврокомисијата само системот за автоматско нагло сопирање е во можност да ги намали за 38% бројот на несреќите, а од задолжителното присуство во автомобилите на камери за гледање наназад се очекува за зачувување на минимум 100 човечки животи годишно. Европското законодавство има клучна улога во подобрувањето на безбедноста на патиштата во Европа во последниве години. Мерките усвоени за подобрување на безбедноста на патиштата од 2004 година доведоа до 43% намалување на смртните случаи на патиштата во ЕУ.
Меѓутоа, во текот на изминатите две години бројот на катастрофи постепено се зголемуваше, а воведувањето на 11-те задолжителни системи за безбедност е насочен кон „поместување на статистика до нулта смртност до 2050 година”. Затоа, 2030-та година е прогласена од страна на ЕУ како посредник – планирано е намалување на смртноста на патиштата во ЕУ за 50%.