Електричните автомобили се поповолни за човечката психа
Електричните возила имаат голем број на предности во споредба со класичните автомобили
Струјата е поевтина, електричните се далеку почисти, дефектите и поправките се поретки во текот на нивниот работен век и многу поевтини. Едно ново истражување докажува дека кон овие предности се додава уште нешто – зад управувачот на електромобилот човекот се чувствува порелаксирано и помалку се заморува. Тоа значи дека електричните се покорисни за менталната состојба на човекот и покажуваат многу помалку негативно влијание врз мозокот.
Ова истражување е спроведено од страна на д-р Данкан Вилијамс од Универзитетот на Јорк, во Велика Британија и докажува дека во отсуство на зуењето на класичниот автомобил, психата на човекот не се подложува на влијанието на бучавата и затоа издржува поголеми оптоварувања.
Тоа е утврдено со помош на енцефалографи монтирани врз главите на возачите на лондонските такси. Во текот на еден цел работен ден биле снимени електроенцефалограми на електричните импулси на мозокот. Возачите во текот на неколку дена се менувале на автомобилите – на електрични, па на дизел и обратно.
На крајот е откриено дека возачите на возилата со електричните мотори биле поконцентрирани при движењето, порелаксирани и фокусирани, помалку уморни и иритирани.
Во исто време возачите на дизел такси изведбите покажале доста лоши резултати. Особено силно се видела разликата на најфреквентните раскрсници во метежите и во чекањето на зеленото светло на семафорите. Пулсот на возачите на електротакси моделите бил практично постојан, додека кај дизелските возачи имало нагло намалување, па скок. При истражувањето испитуваните возачи исто потврдиле по тестовите дека зад управувачот на електричните изведби се чувствувале подобро физички и психички, биле повеќе фокусирани, не чувствувале агресивност и уживале во тивката работа на машините.
Доктор Вилијамс, забележува дека медицинската опрема кај возачите на електромобилите евидентирала повисока ментална активност и зголемено внимание. Ова значи дека овие возила овозможува возачите повеќе да се да се концентрираат на сообраќајната состојба и да работат повнимателно, а тоа е огромна предност во условите на градскиот транспорт, од повеќе аспекти.