Аеродромот Хитроу со флота од 200 електрични Jaguar I-PACE
Jaguar објави дека управата на аеродромот Хитроу ќе додаде во својата флота 200 претставници од целосно електричниот модел на марката- I-PACE
Ова е дел од посебната програма за автомобили со нулта емисија на штетни гасови, која нуди луксузен превоз од и до аеродромот. Првиот чекор во луксузната иницијатива ќе биде направен веќе ова лето кога ќе бидат испорачани 50 претставници од електричниот Jaguar I-PACE.
-Она што го направивме со новиот Jaguar I-PACE е целосно револуционерно: привлечен, луксузен и максимален електричен автомобил кој е практичен за вистинска секојдневна употреба, вклучувајќи и за најтешките услови. За овој потег има позитивни реакции од нашите клиенти низ целиот свет, коментира Џереми Хикс, директор на JAGUAR LAND ROVER UK.
-За нас е задоволство, што за овој модел пројавија интерес некои од најголемите компании на планетата. Со нашето партнерство со Waymo (Google) и овој нов договор со Heathrow и WeKnowGroup, ние потврдуваме дека имаме навистина извонреден адут за иднината!