Подарок за Хамилтон од Ferrari
Британскиот пилот на Mercedes, Луис Хамилтон, триумфира за Големата награда на Сингапур за голем исчекор кон освојување на нова титула во кариерата
Второто место го освои Австралиецот Даниел Рикардо од тимот на Red Bull, a трет беше клупскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас.
Уште на самиот старт трката по само неколку изминати метри тотално фијаско за Ferrari. Возачот на RedBull, младиот Верстапен се најде меѓу двата болиди на Ferrari, по што Раиконен направи голема грешка го закачи младиот возач кој потоа удри во болидот на Фетел. Раиконен и Верстапен веднаш ја завршија трката, додека Фетел продолжи, но по само еден круг доби инструкции да се откаже по видливата дупка на крилото на неговиот болид. Во овој карамбол беше „поткачен“ и возачот на McLaren, Фернандо Алонсо, кој исто така прерано ја напушти трката поради оштетувања на болидот. Трката на влажната патека во Сингапур беше завршена од безбедносни причини, како што нлагаат правилата по нешто повеќе од два часа, а без пласман, останаа и Кевин Магнусен, Нико Хулкенберг, Маркус Ериксон и Данил Квјат.
Со седмата победа во сезоната, вкупно 60-та во кариерата, Хамилтон ја зголеми предноста во генералниот пласман на 28 бода во однос на Фетел на шест трки до крајот. Британецот има 263 бода наспроти Фетел кој е втор со 235 и Ботас на третата позиција со 212.