C5 Aircross: новиот предводник на Citroen
Своја светска премиера имаше целосно новиот пазарен предлог на Citroen во Европа, моделот C5 Aircross, кој веќе имаше свое деби пред скоро една година во Кина
За новиот свој модел од Citroen велат дека е инспириран од потрошувачките очекувања и дека поседува уникатна персоналност, вклучувајќи 30 екстериерни комбинации. Како дел од програмата Citroën Advanced Comfort, новиот SUV модел C5 Aircross ветува импресивна модуларност и удобност, а главен фактор за последното е интегрираната суспензија Progressive Hydraulic Cushions и Advanced Comfort седиштата.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=9&v=HMf_JUmoqvQ
Новиот Citroën C5 Aircross доаѓа со три одделни функции за седиштата: лизгање, преклопување, кревање/спуштање, а товарниот простор е со лидерски параметри: од 580 до 720 литри. Во опремата на ќе можат да бидат откриени до 20 системи за поддршка на управувањето и безбедноста, вклучувајќи ги составите Highway Driver Assist за автономно управување од Ниво 2, Grip Control за подобрено адхезија со функција за помагање за спуштање по надолнина.