Grabber AT3 : Крал на сите гуми!
Експертите од јужноафриканскиот магазин за теренски возила SA4x4 неодамна поставија 265/65 R 17 гуми, односно Grabber AT3 , на Ford Ranger и извршија комплетни тестови на истите
Пневматиците ги потврдија своите врвни вредности, па ова остварување го доби епитетот „Крал на сите гуми“!
Гумите мораа да ги демонстрираат своите квалитети на специјалната Klipbokkop off-road патека, околу 100 километри источно од Кејп Таун. Инаку освен на неа тестови беа спроведени на асфалтни патишта, чакал и песок. Експертите спроведоа пет категории на тестирање за да ги проверат во целост вредностите на гумите од AT линијата. Во својот заклучок по повеќедневните тестирања за перформансите на Grabber AT3, новинарите напишаа: „Нејзините добро избалансирани теренски карактеристики и силна влечна сила на сите површини, дополнети со добрата моќ за сопирање, ја прават оваа гума Вашиот вистински избор”.
Grabber AT3, која беше лансирана минатата година за микс патишта и off-road употреба, ја имаат потребната робусност и висок грип за да го направи патувањето покомфорно и посигурно. Развиена е за дистрибуцијата насвоите способности зана и надвор од патот – 50/50. Со овој модел, во својот основен сегмент од гуми со 4×4, General Tire, традиционалниот бренд за гуми со богато американско наследство, го претстави најсовремениот производ за off-road ентузијасти и за професионалци во градежништвото, земјоделството и шумарството, кои очекуваат максимална мобилност, дури и кога станува тешко.
Grabber AT3 се произведува во димезии од 15 до 20 инчи, а палетата на производи вклучува околу 60 елемент, кои се одобрени за брзини помеѓу 160 и 240 km/h. Како 4×4 гума за сите времиња, AT3 ја носи ознаката M + S и симболот на снегулката како доказ за неговите безбедносни карактеристики за off-road и зимско возење.
Rank | Manufacturer/tyre | Test 1: Braking distance – Tarred surface | Test 2: Braking distance – Gravel surface | Test 3: Traction in sand | Test 4: Gravel acceleration (traction) | Test 5: Incline traction test | TOTAL |
1 | General Grabber AT3 | 47,81 | 49,09 | 49,93 | 47,17 | 50,00 | 241,84 |
2 | Goodyear AT Adventure | 46,93 | 47,58 | 47,29 | 50,00 | 50,00 | 241,58 |
3 | Continental CrossContact AT | 47,60 | 47,79 | 50,00 | 43,46 | 50,00 | 240,15 |
4 | Bridgestone Dueler AT 694 | 47,81 | 49,17 | 48,61 | 44,42 | 50,00 | 238,41 |
5 | Michelin LTX AT2 | 46,69 | 47,23 | 48,81 | 44,58 | 50,00 | 237,87 |
6 | Dunlop AT3 M | 50,00 | 48,40 | 46,72 | 41,83 | 50,00 | 237,72 |
7 | Dunlop AT3 G | 49,16 | 45,98 | 45,92 | 45,00 | 50,00 | 237,31 |
8 | Firestone Destination AT | 46,15 | 50,00 | 49,15 | 41,71 | 50,00 | 235,41 |
9 | GT Radial Adventuro AT3 | 47,06 | 49,60 | 46,10 | 45,96 | 49,50 | 234,60 |
10 | Velocity Raptor AT | 45,98 | 45,61 | 45,62 | 42,92 | 50,00 | 234,52 |
11 | BF Goodrich KO2 | 43,07 | 45,33 | 47,54 | 44,75 | 47,50 | 232,46 |
12 | Nexen Rodian Pro RA 8 | 47,99 | 46,61 | 49,02 | 40,29 | 49,50 | 232,41 |
13 | Cooper Discoverer AT3 | 49,38 | 46,36 | 45,03 | 42,54 | 50,00 | 232,28 |
14 | Hankook Dynapro AT M | 48,82 | 48,23 | 45,03 | 41,75 | 50,00 | 232,20 |
15 | Pirelli Scorpion ATR | 47,71 | 47,33 | 48,95 | 39,88 | 47,50 | 230,39 |
16 | Yokohama Geolander 15 | 46,86 | 48,35 | 44,39 | 43,17 | 47,50 | 230,15 |
17 | Kuhmo Road Venture AT51 | 48,68 | 46,54 | 41,84 | 40,88 | 47,50 | 226,22 |