fbpx

Citroen C4 може да се врати по 2020 година

Кога Citroen го лансираше C4 Cactus, Французите објаснија дека моделот не е директна замена за популарниот C4 хечбек и на ова поле ќе следи одредено затишје

Сега, по скоро четири години, од PSA велат дека веќе имаат план за враќање на моделот со нова генерација. Имен, брендот планира да заживее еден од најпопуларните модели во блиско минато со нова генерациј, која ќе видиме во 2020 година. Ова станува јасно од интервјуто на шефот на брендот, Линда Џексон, за онлајн изданието Autoweek, во кое таа ги потврди гласините за нов C4.

C4
Citroen C4 2015

Во минатото, C4 ја делеше својата платформа со компактите во гамата на Peugeot, 307 или 308, а истото се очекува да се случи и со новиот автомобил.

Peugeot планира ново поколение за 308 за новата деценија, што се совпаѓа со плановите на Citroen. Не е исклучено во најскоро време да видиме конечно и нов С5 кој ќе се базира на Рeugeot 508. Џексон коментира дека седанот е особено важен за кинескиот пазар, а неговото враќање во Европа, исто така може да игра позитивна улога за натамошниот развој.

Поврзани вести

Back to top button