fbpx

Nokian почна со изградбата на технолошкиот центар во Шпанија

Започна изградбата на нов центар за тестирање и технологија на Nokian Tyres во Шпанија

Церемонијата кога беше „фрлена првата лопата“ се одржа деновиве на местото каде ќе се гради центарот, во Санта Круз де ла Сарса. Првите тест патеки ќе бидат завршени следната година и технолошкиот центар се очекува да биде целосно оперативен во 2020 година. Nokian Tyres моментално работи во два тест центри во Финска, во Ивало и Нокиа.

Додавањето на третиот објект и технолошки центар во топлата Шпанија ќе овозможи подобро тестирање за летни, зимски и гуми за сите годишни времиња. Целта е да се развијат уште побезбедни, пофункционални и еколошки гуми. Главниот акцент е на летните и гумите за високи брзини, за кои има особено голема побарувачка на растечките за Nokian Tyres пазари во Централна Европа и Северна Америка.

Nokian

-Ние долго време планиравме нов центар во соработка со локалните власти и други партнери. Сега е време да се направи следниот чекор и да почне изградба на технолошки центар, кој нуди различни можности за развој и експанзија на нашата палета на производи, изјави Хил Корхонен, претседател и извршен директор на Nokian Tyres.

Поврзани вести

Back to top button