fbpx

PSA го зголемува производството на своите SUV модели

Автомобилскиот гигант PSA објави дека по успехот на глобалната офанзива на SUV моделите, компанијата ги зголеми производствените капацитети низ цела Европа за да ја задоволи зголемената побарувачка на потрошувачите

Од PSA велат дека со 11 SUV предлози лансирани на пазарот од петте нејзини марки- Peugeot, Citroën, DS Automobiles, Opel и Vauxhall, компанијата евидентира 250.000 реализации во Европа во првата четвртина на 2018 година. Со сериозен раст за периодот групата забележа пазарен удел од 16,9% на европскиот SUV пазар, кој се очекува да биде зголемен и по пазарното лансирање на целосно новиот Citroën C5 Aircross во септември.

Групацијата ќе го зголеми производството на SUV во Европа со составувањето на C5 Aircross во Рен, во Франција, а тоа ќе се врши паралелно со она на Peugeot 5008. При постигнувањето на целосниот капацитет на фабриката, од март следната година 5008 ќе биде додаден во портфолиото на комплексот во Сошо, во Франција, каде во моментов се произведуваат Peugeot 3008 и Opel Grandland X.

Кон средината на следната година, од PSA очекуваат капацитетот и на овој погон да биде исполнет, па како резултат на ова составувањето на Grandland X ќе биде етапно префрлено во Ајзенах, во Германија, од средината на 2019 година.

Во моментов, PSA има 17 автомобилски производствени капацитети во девет земји низ Европа.

1 | PSA
2 | PSA
3 | PSA

    Поврзани вести

    Back to top button