fbpx

Иднината на Maserati – електрично купе и нов SUV

Веќе се познати деталите од состанокот на инвеститорите во FCA со шефовите на компанијата

Протекоа вести за Јеер, за Alfa Romeo, a овој пат, информациите се однесуваат на спортскиот бренд- Maserati. Италијанците ќе се преселат во новата деценија со храбрата амбициозна програма, каде една од новините ќе биде првиот целосно електричен спортски купе модел. Тој ќе биде изграден на целосно алуминиумска платформа, која ќе му овозможи на автомобилот да биде само 175 kg потежок од еквивалентниот модел со мотор со внатрешно согорување.

Maserati

Се најавува активна распределба на моментот помеѓу сите четири тркала, а и активна аеродинамика со подвижни панели. Планот на Maserati е да создаде автомобил кој може да забрза од 100 km/h за неверојатни 2,2 секунди. Освен електричното купе, компанијата ќе лансира и нов SUV, кој најверојатно ќе се базира на Alfa Romeo Stelvio.

Покрај тоа, конечно ќе видиме и сериска верзија на концептот Alfieri.

Maserati

Поврзани вести

Back to top button