Прогноза: 125 милиони електромобили до 2030 година
Продажбата на електрични и хибриди во целиот свет се се зголеми за 54% во 2017 година, до 3.700.000 примероци, објави Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА)
Според предвиденото сценарио за развојот на пазарот таа предвиде дека до 2030 година нивниот број ќе се зголеми на 125 милиони единици. Лидер во квантитет по продажба на такви автомобили е Кина, каде минатата година биле реализирани 580.000 возила, што претставува 50% од глобалниот пазар. Сепак, нивниот удел во земјата сеуште е доста мал – 2,2% од сите автомобили.
Растот во Кина до 2016 година достигна 72%. Второто место го зазема САД со 280.000 продадени електрични автомобили и хибриди. ИЕА наведува дека по однос на уделот на пазарот на електричните во однос на останатите видови на возила најголем е тој во Норвешка, каде 4 на секои 10 автомобили се опремени со електромотор. Потоа следи Исланд со учество од 12% и Шведска со 6%.
Властите во многу земји воведуваат програми кои овозможуваат постепено исфрлање на дизел автомобили. Од своја страна, производителите на електрични автомобили добиваат финансиска поддршка од државата и даночни олеснувања. Во такви услови глобалниот пазар на електрични автомобили ќе се зголеми за околу една четвртина секоја година, прогнозира ИЕА.