fbpx

Лоренцо конечно победи со Ducati

Возачот на Ducati, трикратниот светски шампион Хорхе Лоренцо, ја освои ГП на Италија – шестата рунда од календарот на MotoGP за 2018 година

Ова е прв успех на Шпанeцот со италијанскиот тим, на кој му се придружи минатата година. Лоренцо ја постигна својата шеста победа во последните осум трки на италијанската патека Муџело и вкупно 66-та во кариерата. Славјето за италијанскиот домашен тим беше уште поголемо, бидејќи на второ место заврши неговиот втори пилот, Андреа Довициозо.

Стартерот од полпозицијата, Валентино Роси, се избори за подиум, додека лидерот во генералниот пласман Марк Маркез падна во првите кругови по стартот. Иако, Шпанецот се врати на патеката со својот мотоцикл, сепак не успеа да освои ниту еден поен во Италија, бидејќи беше само 16-ти. Сепак, актуелниот шампион Маркез, останува на чело во генералниот пласман со 95 поени, пред Валентино Роси со 72 и неговиот тимски колега од во Yamaha, Маверик Виналес со 67.

Лоренцо имаше одличен старт од втората почетна позиција и водеше по првиот круг на Муџело.

Ducati

Маркез и Данило Петручи остварија контакт по само неколку стотина метри, по кој Италијанецот излезе надвор од контурите на патеката, а шампионот напредуваше од шестата до третата позиција зад „Докторот“. Петручи се врати на осмото место во колоната. По ова започна италијанскиот кошмар за Honda. Фабричкиот пилот, Дани Педроса и оној од сателитскиот тим, Сатака Накагами паднаа. По ова и Карел Абрахам и Скот Рединг со Ducati претрпеа несреќи.

Во меѓу време Маркез го мина Роси и се најде на втората позиција. „Малерот наречен Муџело“ продолжи со пад за Томас Лути. Докторот не му дозволуваше на Маркез да се оддели, па Шпанецот се обиде да форсира, што не му појде од рака и во свиокот број 10 се лизна и покрај обидите на Шпанецот да спаси од падот, заврши во песокот. Инцидентот беше со ниска брзина и не создаде особени оштетувања мотоциклот, поради што со помош на обезбедувањето шампионот се врати во трката на последната 18-та позиција.

Ducati

Така Роси се врати зад Лоренцо, а Довициозо успеа да го претекне пилотот на Suzuki, Андреа Ианоне за третото место. Грешката на Валентино на16 круга пред крајот го чинеше втората позиција, па колоната ја поведоа двата возачи на Ducati. Петручи напредуваше и во даден момент беше трети. Во последните десет круга, Лоренцо оствари солидна предност. Второто место на Дови исто изгледаше сигурно, а групата која бараше позиција за на подиумот беше составена од Петручи, Ринс, Роси, Ианоне и Крачлоу – единствениот пилот со Honda, кој зеде некакви поени од ГП на Италија.

Шест круга пред крајот Валентино Роси се врати на третата позиција пред Алекс Ринс со Suzuki и не ја испушти повеќе, а во меѓувреме Алеш Еспергаро беше последниот пилот со катастрофа во трката.

Со третото место на Муџело, Валентино Роси, стана првиот пилот со над 5.000 освоени поени во MotoGP – 5.005. Тоа го оствари во својот 311 настап во „кралската класа“ во која има 89 победи и 65 пол позиции.

Поврзани вести

Back to top button