Германија ќе го казни Mercedes со 3,75 милијарди евра?
Новиот германски министер за транспорт, Андреас Шојер, му се заканува на Daimler со рекордна казна од 3,75 милијарди евра, објави Spiegel
Санкцијата е поради скандалот со емисии во кој е вклучен Mercedes-Benz. Новиот германски министер за транспорт, Андреас Шојер, од самиот почеток на својот мандат јасно имплицираше дека ќе биде цврст кон автомобилските компании. Тој го повика извршниот директор на Daimler, Дитер Цетче, со цел да се утврди колку патнички и комерцијални возила треба да се отповикаат за нелегален софтвер.
Според информациите од Spiegel, во министерството баратат со бројка од околу 750.000 автомобили, што носат парична казна по 5.000 евра согласно донесените законски регулативи. Министерството одби да деде подетални информациите официјално и само рече дека постигнале договор со производителот и за тоа како да ги „рачистат комплексните технички проблеми” во случајов.
Службата за контрола на автомобилите KBA, веќе издаде налог за компанијата да ги отповика сите Vito комбиња со 1.6-литарски дизел мотор, бидејќи тие ги прекршиле прописите за емисија, а Daimler потоа истакна дека ќе поднесе жалба. Според информациите од авторитативниот Der Spiegel, проблемот со нелегалниот софтвер, исто така, влијае на C-Класа, еден од најпопуларните модели на Mercedes-Benz.