fbpx

Најмалиот кросовер на Volkswagen на завршни тестирања

Фотки од најмалиот кросовер на Volkswagen со помалку камуфлажа се појавија во неколку европски изданија

Од нив, станува јасно дека моделот, кој ќе се вика T-Cross, е речиси подготвен за сериско производство, а се очекува премиерата да биде наскоро. Во срцето на автомобилот е концептот Volkswagen T-Cross Breeze, претставен пред 2 години. Тој претрпе промени за да стане модел со пет врати, што за возврат претставува „повисока“ верзија на новиот Volkswagen Polo.

Кросоверот е изграден на платформата MQB-A0, но ќе има должина од околу 4,1 метри. Ова е „новиот брат“ на веќе претставената Seat Arona, како и на идната Skoda Vision X. Кросоверот ќе бидам само со преден погон, но не се исклучува и појавата на верзија со 4х4, бидејќи платформата овозможува слична конфигурација. Моделот се очекува да ги добие истите мотори на кои моментално се потпира Сеатовиот модел. Тоа се бензински турбомотор 1.0 TSI (95-115 КС) и 1.5 TSI (150 КС), а исто така и дизел – 1.6 TDI (95-115КС). Потоа, ќе биде објавена хибридна верзија, која ќе се полни од мрежата.

Volkswagen T-Cross ќе стане најкомпактен и достапен кросовер на германскиот бренд.

Неговите цени во Германија ќе започнат со 18.000 евра. За поголемите T-Roc, тие започнуваат од 20.390 евра, а за Tiguan од 27.000 евра. Сепак, ова ќе се промени во 2020 година, кога ќе биде лансиран уште помалиот модел T-Track, чија должина ќе биде 3,8 метри.

T-Cross

Поврзани вести

Back to top button