fbpx

Bugatti Chiron од LEGO Technic

LEGO Technic понуди информации за нов производ од серијалот 1:8, посветен на новиот модел Chiron на BUGATTI

Првично, новата конструкција составена од 3.599 делови и со персонален сериски број, ќе биде достапна во продавниците на Lego и на shop.LEGO.com, а од 1 август ќе биде распространет и во дистрибутивната мрежа на брендот. Во склопена опција LEGO Technic Bugatti Chiron (350 американски долари) е со димензии должина 56 , ширина 25 и висина 14 сантиметри, а од компанијата коментираат дека се обиделе да прикажат што е можно повеќе од деталите на вистинскиот автомобил, вклучувајќи го аеродинамичниот екстериер со активен заден спојлер, тркалата, елементи од ентериерот, волан со подвижни лостови , подвижни клипови во моторот …

На крајот од минатиот месец, Bugatti објави дека компанијата склопи претставник со реден број 100 на хиперкарот Chiron.

Јубилејниот автомобил веќе патува кон сопственикот некаде на Арапскиот Полуостров, кој го конфигурира во исклучително интересна верзија со целосно темен син карбонски екстериер во комбинација со матирано надворешно исполнување. Природната кожа во црвена боја е доминантна за ентериерот на овој Chiron, за кој е платена сума од 2.85 долари.

Поврзани вести

Back to top button