fbpx

Maserati Alfieri ќе има три електрични мотори

Првиот електричен модел на Maserati- спортското купе Alfieri, ќе биде опремен со три електромотори, од кои два ќе бидат поставени на задната оска, а третиот на предната

На овој начин, ќе има постојан со погон на четири тркала. Новиот Maserati Alfieri со три електрични мотори ќе може да забрзува од место до 100 km/h за само 2 секунди, а максималната брзина ќе биде 300 km/h. Автомобилот ќе се напојува со батерија од 800 волти. Засега производителот не открива колкава ќе биде автономијата на возилото и колку долго ќе трае целосното полнење на батериите.

Maserati Alfieri

Поради фактот дека рамката е од алуминиум, конструкторите успеале значително да ја намалат тежината на возилото. Моделот ќе биде достапен како кабриолет и купе верзија. Официјалните претставници на Maserati додадоа дека Alfieri ќе добие систем за автономно управување од трето ниво, односно автомобилот ќе може да вози самостојно. Премиерата на новиот модел е планирана за 2020 година.

Неодамна беше објавено дека Maserati ќе пушти во следните пет години нов кросовер, спортски автомобил и четири електрични верзии.

Maserati Alfieri

Поврзани вести

Back to top button