fbpx

Hyundai Tucson во верзија со „мек“ хибрид

Hyundai објави дека новиот Tucson, кој треба да биде пуштен во производство овој месец, ќе биде првиот автомобил на марката, опремен со дизел погонски систем од т.н вид „мек“ хибрид (48 V)

Новиот Hyundai Tucson, развиен и произведен во Европа, кој ќе биде лансиран на пазарот ова лето, е чекор од стратегијата на брендот, за негова постепена електрификација на гамата. Новината ветува дополнителни предности во однос на горивната економичност и соодветно екологијата.

Паралелно со воведувањето на новиот хибридна систем, Hyundai Tucson доаѓа и со надграден дизајн и збогатена стандардна и дополнителна опрема за подобрување на безбедноста и удобноста.  Од компанијата додаваат дека и палетата погонски агрегати е обновена и модернизирана, секој од моторите го исполнува стандардот Euro 6d, што секако ќе го направи бестселерот на брендот во Европа за 2016 и 2017 година, уште попривлечен за корисниците.

-Со нашиот нов „мек“ хибриден погонски систем за нашиот најпродаван модел, ќе се обидеме „чистите технологии“ да бидат подостапни за нашите клиенти, вели Андреас-Кристоф Хофман, потпретседател за Маркетинг и производи на Hyundai Motor Европа. -Оваа технологија ќе биде достапна со уште нова палета на мотори, како дел од нашата богата понуда.

Новиот хибриден систем прави деби во комбинација со 2.0 литарскиот дизел со 186 коњски сили, а стартер / генераторот помага основниот мотор да добие 12 kWh. Тој ќе се користи при забрзување и регенерирање на енергија во батеријата при намалување на брзината и активирање на системот за сопирање.

Од Hyundai објавија исто така, дека нова „мека“ хибридна варијанта ќе биде лансиран и следната година, која ќе го вклучува новиот 1.6 литарски Smart Stream дизел мотор.

Поврзани вести

Back to top button