fbpx

Следната генерација Jeep Grand Cherokee на платформа од Alfa Romeo

Според новиот петгодишен план за развој, Jeep планира да претстави сосема нов Grand Cherokee во следните неколку години

Сегашниот модел е речиси „стар“ и може да се очекува дека Американците нема да се задржуваат многу со неговиот наследник. Лично шефот на Fiat Chrysler Automobiles, Серџо Маркионе, потврди за Motor Authority дека новиот Grand Cherokee ќе биде надграден на платформата Giorgio, која се користи од Alfa Romeo за Giulia и Stelvio. Без да дава дополнителни детали, Маркионе открил дека архитектурата ќе биде доработена, за да одговара на потребите на Jeep, бидејќи компанијата има сосема различни цели во однос на автомобилите од Alfa.

Најверојатно следната генерација Grand Cherokee ќе го добие и хибридниот систем од Chrysler Pacifica.

Тоа значи дека под хаубата ќе се става 3.6-литарски V6, помогнат од два електромотори и батерија со капацитет од 16 KWh. Исто така се предвидени и полуавтономни технологии.

Поврзани вести

Back to top button