fbpx

Нафтените компании масовно инвестираат во … електромобили?!

Идниот развој на целосно електрични автомобили може да биде голема закана за профитот на нафтените компании, а многумина почнаа да преземаат одредени чекори кон радикални промени

Западните изданија известуваат дека трговците на нафта се подготвуваат за пад на цената на црното злато и затоа одлучиле да инвестираат во развојот на електрични автомобили. Британската компанија ВР веќе инвестираше 20.000.000 долари во израелската StoreDot, чии специјалисти развиваат системи за брзо полнење на батерии. Во февруари, Британците одлучија да инвестираат уште 5 милиони долари во младата американска компанија FreeWire, чии инженери прогласија создавање на мрежа од пунктови за полнење на електрични автомобили во САД и Европа.

нафтените компани

Во есента 2017 година, Royal Dutch ја стекна главната европска компанија NewMotion, која обезбедува услуги за полнење електрични возила. Оваа компанија има над 30.000 полначи станици во Западна Европа и 50.000 точки за надополнување, сопственост на нејзините партнери. Французите од Total исто така имаат пристап до пунктовите на NewMotion.

На почетокот на годинава беше формирана Алијанса во која влегуваат Saft, Siemens, Solvay и Manz.

Целта на обединувањето беше желбата да се развие нова батерија за електрични возила. Saft ќе инвестира 200 милиони евра во развојот, а Алијансата треба да помогне за намалување на активната офанзива на САД и Кина, кои се сметаат за лидери на пазарот за батерии.

Поврзани вести

Back to top button