fbpx

Opel Insignia со нов инфотеинмент систем

Opel ќе воведе нови инфокомуникациски и борд системи во автомобили од својата гама, а првиот модел од брендот во кој ќе се вградуваат ќе биде Insignia

Opel потенцира дека новите мултимедијални Multimedia и Multimedia Navi Pro системи ќе понудат пред се врвна функционалност и практичност, визуелен и интуитивен стил, вклучувајќи ги и гласовните команди, а по желба од клиентите, тие можат да се комбинираат со проекциски head-up дисплеј.

Multimedia и Multimedia Navi Pro ќе понуди можност за поврзување на мобилни уреди преку Bluetooth и USB, како и целосна синхронизација преку Apple CarPlay и Android Auto. Вториот систем ќе понуди поврзување во реално време со тоа што ќе може да обезбеди информации за објекти, центри, ресторани…, состојба во сообраќајот, цени за гориво, бесплатни информации за паркирање потребна дестинацијата, навигација преку интернет и друго.

Multimedia Navi Pro ќе биде пуштен на пазарот со меморија до 5 профили, од кои секоја може да се прилагоди со персонализација (клима, аудио систем, посакувана дестинација…).

Insignia

Поврзани вести

Back to top button