И Nissan се откажува од дизелот
Јапонскиот автопроизводител Nissan го прекинува целосно развој на дизел мотори и се концентрира на истражувачките активности во еликтрификација на гамата, објави Nikkei Asian Review
Според раководството на компанијата побарувачката на автомобили со дизел мотори допрва ќе опаѓа поради претстојните ограничувања во поголемите европски градови. Последната изведба со дизелски агрегат од Nissan ќе се симне од производствените ленти во 2020 година. Всушност, тогаш ќе биде укината и понудата на вакви модели и во Европа, затоа што ова ќе биде сторено нешто порано во Јапонија.
Исклучок ќе бидат само камионите, но нивните мотори ќе бидат обезбедени од други производители.
Францускиот партнер на Nissan, Renault исто така, планира да го запре развојот на дизел мотори во многу блиска иднина. Неодамна ваквите намери ги потенцира Volvo. Шведската компанија планира да ги пренасочи инвестициските средства во хибридизација.