fbpx

BMW го претстави новиот X5

BMW ја претстави новата генарција на SUV моделот X5 на посебен настан во Spartenberg (САД)

Премиерата на автомобилот за публика ќе се одржи во почетокот на есента, а стартот на продажбата е планиран за ноември. На изглед четвртата генерација на BMW X5 може да се преpознае по големите „бубрези“ на решетката на ладилникот. Исто така, пропорциите на кросоверот пораснале, па сега должината изнесува 4.922 mm (36 mm подолго од претходникот). Ширината е зголемена за 66 mm и висината за 19 mm. Растојанието помеѓу двете оски достигнува 2.975 mm (+42 mm).

Дизајнот на ентериерот е во новиот стил на брендот, кој ќе биде искористен и кај идниот теренец предводник на брендот X7. Големиот мултимедијален екран е испрекинат со дигиталната табла со инструменти, речиси како кај Mercedes-Benz. Единицата за климатизација е поставена на врвот и под екранот подолу. Како опција, ќе биде достапен „стаклен” селектор на автоматскиот менувач и на мултимедијалниот систем.

Багажникот е намален и неговиот волимен сега изнесува 645 во нормална состојба и 1860 литри кога задните седишта се спуштени. Позади во него има нов електричен систем кој нуди подобра функционалност кога се складира товарот во него.

Новиот BMW X5 е изграден на CLAR платформата, која се користи за Серијата 7, како и за иднината X7.

Ова му овозможува на кросоверот да добие активни стабилизатори и торзиона задна оска. Базното потпирање има пружини и адаптивни амортизери. Како опција, суспензијата на сите тркала при спортски режим се намалува за 20 mm, а за оф-роуд може да се зголеми за 40 mm.

Во понуда се четири агрегатски модификации: две бензински – xDrive40i (340 КС и 450 Nm) и xDrive50i (462 КС и 650 Nm), и две дизел – xDrive30d (265 КС и 620 Nm) и M50d (400 КС и 760 Nm). Најбрзиот xDrive50i со мотор V8 забрзува од 0 до 100 km/h за 4,7 секунди. Сите мотори се комбинирани со 8-степен автоматски менувач. Погонот со четири тркала e со мулти-диск спојка на предните тркала. За M Sport и Offroad машините, задниот диференцијал e блокирачки и е електронски контролиран.

Како опција се предага панорамски покрив, аудио Bowers & Wilkins со 20 излези, 10-инчни монитори за патниците на задниот ред, индивидуализирани ласерски светла, 4-зонска клима со јонизација и ароматизација, а исто така и сет електронски системи и асист-состави кои помагаат при управувањето и паркирање на возилото.

Поврзани вести

Back to top button