fbpx

Audi Q8 и официјално

Audi официјално го претстави својот нов предводник во SUV гамата, моделот Q8

Премиерата на автомобилот се одржа на посебна манифестација во Шангај, во Кина. Димензиите на моделот се должина од 4.990, ширина – 2.000, висина 1.710 и растојание помеѓу двете оски 3.000 милиметри. Така кросоверот е малку пократка од Audi Q7 со кој ја делат иста платформа – MLB. Во исто време Q8 е 130 mm подолг и 10 mm поширок од основниот конкурент на пазарот Range Rover Sport.

Новото Audi Q8 ќе се нуди само со пет седишта, додека Q7 може да биде нарачано и со седум. Волуменот на багажникот на возилото е 605, а при соборувае на задните седишта достигнува 1.755 литри. За споредба, податоците за Q7 се 770 и 1966 литри.

Во конструкцијата на кросоверот се користи 15% алуминиум и 14,4% висококвалитетен челик, па најтешката модификација – таа со дизел мотор, тежи 2.145 килограми. Коефициентот на аеродинамичен отпор е 0,34, а клиренсот изнесува 254 mm.

1 | Q8
2 | Q8
3 | Q8
4 | Q8
5 | Q8
6 | Q8

    Audi Q8 располага со систем за погон на сите четири тркала со централен диференцијал Torsen и торзиона задна оска. Се предлага и адаптивна суспензија (достапни се вкупно 3 варијанти на потпирање, вклучувајќи и стандардно), а во зависност од условите на патот клиренсот може да се менува и до 90 mm. Сите погонски агрегати се „меки хибриди” кои имаат 48-Volt систем и стартер-генератор. Во палетата на Q8 влегуваат 3.0-литарски бензински и дизел мотори, кои нудат соодветно 340 КС(55 TFSI) и 286КС ( 50 TDI) КС Бензинската опција ќе добие 8-степен автоматски менувач, а дизелот 7-степен ровотизиран со две спојки.

    Во внатрешноста на Q8 е поставен 10,1 инчен дисплеј на централната конзола и уште еден 8,6-инчен екран задолжен за поставките на климатизацијата. Исто така постои и 12,3-инчен на дигиталната инструмент-таблата. Опремата на кросоверот вклучува мултимедијален систем со LTE и Wi-Fi, аудио Bang & Olufsen, адаптивен круз-контрол, систем за кружен видео надзор…

    Во 2019 година ќе биде вклучена и функција за далечинско управување за излез од гаража, преку smartphone.

    Поврзани вести

    Back to top button