fbpx

Mercedes инвестира една милијарда евра во нова фабрика во Унгарија

Mercedes-Benz објави дека компанијата ќе инвестира една милијарда евра во нов и прв од ваков вид за гигантот, Full-Flex Plant производствен комплекс

Комплексот ќе е на територијата на Унгарија, кој ќе му овозможи на брендот да произведува истовремено автомобили со различна архитектура и компактни, од седани до целосно електрични модели. Од Mercedes-Benz истакнуваат дека новиот производствен комплекс, кој се очекува да биде оперативен од почетокот на следната деценија, ќе биде целосно дигитализиран и оптимизиран, со што ќе се намали потребата од човечки надзор и комуникација.

Mercedes

Во однос на работниците, од Mercedes ветуваат дека тие ќе работат во одлични услови, со ергономски работни станици, што ќе бидат оптимално олеснување.

Новата фабрика на Mercedes-Benz ќе биде позиционирана во Кешкемет, на околу 90 километри од Будимпешта, и за неговото функционирање ќе бидат ангажирани повеќе од 2.500 луѓе. Во моментов марката веќе располага со производна хала во истиот град каде што работат околу 4.000 лица. Во минатата година таму биле склопени повеќе од 190.000 автомобили. Првата- B-Class, беше склопена во 2012 година, а во наредните години, во комплексот почнаа со произвиодство CLA во 2013 и CLA Shooting Brake во 2015 , а наскоро во фабриката ќе почне составувањето на новата генерација на A-Класа.

Mercedes

Поврзани вести

Back to top button