fbpx

Dacia Duster доби нови дизел мотори

Познатите 1.5-литарски дизел мотори на Dacia Duster, кои се вградуваат и во останатите модели на Романците, веќе се поефикасни и помоќни

Производителот најави обнова на семејство Blue dCi агрегати, кои во иднина ќе нудат зголемена моќност, 95 и 115 коњски сили. До сега силата на агрегатите беше 90 и 110 коњи. Послабата верзија добива и зголемување во вртежниот момент од 30 Nm (до 240 Nm), додека кај најмоќниот дизел останува непроменет 260 Nm. Покрај тоа, за да ги задоволи најновите стандарди за емисија на штетни гасови, 1.5-литарскиот мотор е веќе опремен со AdBlue SCR систем.

Просечната потрошувачка на гориво останува непроменета во просек од 4,4 литри на 100 km, кај двете верзии.

Поврзани вести

Back to top button