fbpx

Hyundai со нов концептен модел

За време на овогодинешното издание на Busan International Motor Show, Hyundai откри интересни новитети oд идниот развој на брендот и спортската поделба N

Главен акцент на штандот на марката беше врз светската премиера на футуристички концептен SUV модел Grandmaster, кој демонстрира дел од дизајнот и стилски решенија, кои можеме да очекуваме во идните модели на Hyundai, како и врз концептот Le Fil Rouge, позната од меѓународниот саем во Женева оваа година.

На салонот, Hyundai откри интересни детали и за плановите за развој на спортското портфолио N, во кое во моментот фигурираат два основни предлози i30 N и Veloster N.

Од компанијата потенцираа дека брендот ќе го прошири својот оддел со нови N-модели, N Line верзии со дизајн и технолошки подобрувања и N Option линија за персонализација, која ќе биде достапна за сите претставници на брендот.

-Возбуден сум да ја споделам нашата визија за брендот со вас, истакна Томас Шимера, извршен потпретседател и директор на спортското поделба High Performance Vehicle & Motorsport на Hyundai. -Ние ќе продолжиме да ја прошируваме гамата со нови наши производи и да ги приспособуваме кон уникатните потреби и очекувања на нашите клиенти, така што секој автомобил Hyundai да нуди задоволство од управувањето преку целиот век на трајност.

Поврзани вести

Back to top button