Оџачар поседува најголема колекција на VW Golf
Во предградието на австриската престолнина Виена ќе биде отворен првиот музеј на Volkswagen Golf во светот
Тој е сопственост на оџачарот Јозеф Јоза кој над 20 години собира автомобили од овој модел. Колекцијата на Австриецот брои 114 примероци, а првиот автомобил во неа е пикапот Volkswagen Caddy (како што се знае порано Caddy беше врз база на Golf). Јозеф Јоза сметал дека овој автомобил е создаден „само за него“, за да може во неа да го товари работниот прибор.
Оџачарот очигледно добро заработува од својот занает, зашто си дозволува да купува секакви изведби на VW Golf.
Во гаражата има изведби на VW Golf GTI, кабриолет, VW Golf Country и стандарден хечбек, кој го користи постојано. Во текот на годините Јозеф купувал непотребни и фрлени модели од различни години. Тој е горд сопственик на автомобил за смет, кампер, автомобил со скали за качување во авион, како и прототип со лизгачки врати. Посетителите на музејот ќе можат да видат, исто така Golf G60 Limited со моќност од 210 коњски сили и погон на четири тркала, како и првиот електричен автомобил Volkswagen Golf од 1981 година.