Половина од глобалната продажба SUV изданија до 2025 година
Audi ги објави податоците за продажбата во мај, како и од почетокот на годината, потенцирајќи дека SUV изведбите остануваат меѓу најбараните
Согласно направените анализи за континуираниот пораст во овој сегмент, Германците предвидуваат дека до 2025 година секој втор нов автомобил со „четирите прстени“ на патот ќе биде токму од овој сегмент. Интересно е дека со таков сооднос Audi веќе може да се пофали на пазарот во Северна Америка, каде SUV и кросовер машините сочинуваат околу 51% од вкупната имплементација на брендот.
Најпродаваниот модел и натаму е Q5.
Во мај беа испорачани 24.700 единици, со неверојатен раст главно во Кина, каде што веќе е достапна и продолжената верзија. Изненадувачки, продажбата на Audi во Европа падна за околу пет проценти од почетокот на годината, a ова се должи на промената на генерациите на моделите. Ситуацијата се очекува да се нормализира до крајот на годината.