Специјално дизајниран „влекач“ троши двојно помалку?
Експериментален „влекач“ го мина растојанието помеѓу Калифорнија и Флорида со 2,5 пати помалку гориво отколку обичните камиони
Starship е направен од американската компанија AirFlow Truck, нарачан од нафтениот гигант Shell. „Влекачот“има аеродинамично тело со кабина од јаглеродни влакна што наликува од предната страна на брз воз. Решетката на ладилникот има подвижни лајсни кои се отвораат само кога моторот се лади. И приколката, исто така, има посебна форма. Долниот дел е целосно покриен со шини, а подвижните панели се монтирани одзади за оптимизирање на воздушните струења.