Škoda продава толку добро, што мора да мисли на проширување?!
Информациите од Škoda велат дека Чесите се на „слатки маки“
Имено, продажбата, односно побарувачката за возилата е се поголема, па во Škodа ќе мора да размислат за нов партнер во производството или пак за проширување на капацитетите. Од Reuters најавија дека во Škodа веќе сега се борат со проблеми со капацитетите на нивните погони, па затоа побараа да употребат некои од оние што не се искористени во моментов во рамките на Grupe VW.
Другата алтернатива е можност за доверба кон надворешни соработници или производители. Во Škodа „најголеми проблеми“ очекуваат да имат во производството на нивните SUV остварувања, моделите Karoq и Kodiaq, за кои се очекува производството до 2025 година да порасне на над два милиони единици, во однос на сегашните 1,2 милиони. Како една од опциите се споменува и изградба на фабрика на компанијата надвор од Чешка, а конечната одлука би требало да биде донесена до крајот на годинава.