fbpx

Volvo ја отвори својата прва фабрика во САД

Со отворањето на целосно нова и прва на територијата на САД фабрика производителот на луксузни автомобили Volvo Cars ја зацврсти својата позиција како глобален производител, со објекти во трите главни региони во светот

Сосема новиот високотехнолошки производствен комплекс се наоѓа во Чарлстон, во Јужна Каролина, а од Volvo коментираат дека неговото отворање е дел од стратегијата на компанијата. Првиот автомобил кој компанијата ќе започне да го составува таму е целосно новата S60. Volvo ќе започне со изградба на фабриката оваа есен.

Volvo

Од 2021 година, во Чарлстон ќе се произведува и следната генерација на предводникот XC90, а склопените во САД претставници на двата модела ќе бидат наменети како за локалниот, така и за останатите пазари на компанијата. Со целосна оптовареност, фабриката ќе биде во можност да обезбеди 150.000 нови автомобили годишно. Вкупната инвестиција од Volvo Cars во прозиводството на американска територија е околу 1,1 милијарди долари, а во следните неколку години во комплексот во Чарлстон ќе најдат нова работа околу 4.000 лица.

Само до крајот на оваа година, бројот на вработените ќе изнесува 1.500 луѓе.

-Отворањето на нашиот прв погон во Америка е многу голем настан, коментира Андерс Густафсон, претседател и извршен директор на компанијата. Бизнисот преку Океанот се развива добро, нашите автомобили освоија престижни награди и новиот објект во Јужна Каролина ќе биде голема предност како за Volvo Cars, така и за општеството.

Поврзани вести

Back to top button