fbpx

Ford повторно ќе произведува електромобили во Германија

Ford планира да продолжи со производство на електрични автомобили во Германија од 2023 година, кое беше стопирано во пролетта 2017, со крајот на животниот век на европската верзија на Focus Electric

Претседателот на Ford за Европа, Гунар Херман, изјави за весникот Handelsblatt, дека производството на електрични може да започне по пет години, што е сосема доволен период за планирање, бидејќи обновување на фабриката во Келн се очекува да трае околу 15 месеци.

-Токму за пет години очекуваме да се создадат поволни услови да продолжиме со производство на електрични автомобили, објасни Херман. -Но, ова ќе биде можно, ако се подредат сите делови на мозаикот. Еден од основните услови е фактот ако продажбата на електрични возила се зголемува сериозно. За жал, за сега, електричните автомобили не се особено профитабилни. Производство од 30.000 – 40.000 електрични возила годишно производство нема да биде рентабилно.

Секако, веднаш потоа Херман ја наметна и идејата дека Германија треба да го помогне наметнувањето и производство на електрични возила.

-Германија исто така може да ја преземе своја улога во производството на електрични возила, тоа ќе помогне за промена на насоката на развојот на индустријата. Ако некој може тоа да го направи, тогаш ова е федералната влада, убеден претседателот на Ford Европа, која едноставно може да делува во многу насоки за рентабилност на овој процес.

Ford

Поврзани вести

Back to top button