Германците не сакаат автомобили на гас
Ова го потврдува студија спроведена од страна на Федералната администрација за патишта, која тврди дека е веродостојна и за Европа
Во Германија станиците каде се точи гас (LPG или CNG) се двојно помалку од бензинските пумпи и ако некои од сопствениците на возила веќе одлучат да преминат на алтернативни горива, како што се наведува во студијата, тој чекор е поврзан со хибридна опција или на електрична енергија.
Од почетокот на годината, пазарот на нови автомобили, кога е во прашање пласманот на дизел изданија во Германија падна за 20%, но сепак дизел изведбите продолжуваат да бидат еден од најдобро продаваните. Дури 95% од новите автомобили што се продаваат во Германија од почетокот на годината се бензин или дизел.
Тоа е потврда дека Германците не се заинтересирани ниту за автомобилите на пропан-бутан, а пак да не фоворизираме за на метан. Конзервативните луѓе многу ретко ги претпочитаат електрифицираните возила и во повеќето случаи тие се одлучуваат за хибриден погон, вклучувајќи мотор со внатрешно согорување.